Skip Navigation Links
Друштвото за ревизија, проценка и финансиски консалтинг ЕЛИТ ДООЕЛ - Скопје е формирано во Јуни 1994 како едно од првите друштва за проценка и финансиски консалтинг во Република Македонија.

Друштвото беше вклучено во спроведување на Законот за преструктуирање на претпријатијата кои во своето работење искажуваат загуби и подготовките за започнување на постапката за трансформација на капиталот согласно Законот за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

Во кооперација со UNIDO - Виена, Друштвото вршеше оценка на инвестициони проекти, оценка на бонитетот на повеќе друштва во РМ и изработка на многубројни бизнис планови според методологијата на Агенцијата на Република Македонија за Трансформација.

Во 1998 година Друштвото продолжува со својата прогресивна политика и ја добива една од првите лиценци за вршење ревизија во Република Македонија, согласно со Законот за Ревизија донесен во1997 година.

Долгогодишната традиција и успешно работење ни носат долготрајни деловни врски со нашите клиенти, како резултат на професионалноста на кадарот и стекнатиот углед Друштвото има склучени договори за ревизија со приближно 30 клиенти во Република Македонија.