03.03.2014 
Сопственичките Конфликти во Пораст
ПОРАСТ НА СОПСТВЕНИЧКИТЕ КОНФЛИКТИ, КОИ ЧЕКОРИ ДА ГИ ПРЕВЗЕМАТ  КОМПАНИИТЕ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТАТ ОД НЕПОТРЕБНИ НАРУШУВАЊА? 


Изминатата година бевме сведоци на неколку акционерско/сопственички конфликти, кои претставуваат новина во нашата економија. Иако во поразвиените економии акционерските конфликти како законска можност постојат многу подолго време одколку кај нас, сепак во неколку од тие пазари може да се забележи остар пораст во текот на последните неколку години. Во Велика Британија нивниот број се зголемува за 200% само во последната година. Тоа е вознемирувачка бројка. Кои се причините за тоа? 

Профитите на приватните компании се во пад веќе подолг период до сега и луѓето едноставно не го гледаат крајот на овој надолен тренд. Тие опстојувале во случај работите да се подобрат, но без очигледни знаци на светлина на крајот на тунелот, поголем број од нив едноставно решиле своите скриени приговори да ги доведат до точка на вриење. 
 
Акционерските конфликти се манифестираат на два главни начина: увид и истражување/контрола на трговските книги и активностите во друштвото според член 460-в од ЗТД, како и договодни спорови после превземање. Вторите се веројатно полесни за решавање и прикажување. Иако немаме навика да дискутираме за нашите сопствени случаи, еден генерален пример би бил кога една компанија е продадена и купувачот дознава отпосле дека продавачот погрешно го интерпретирал статусот на голем договор за работа. Купувачите можеби ја купиле компанијата поради гаранцијата дека договорот е во сила, за откако е помината трансакцијата да дознаат дека договорот бил раскинат пред продажбата. Тоа би имало ефект на вредноста на компнаијата, и купувачот може да бара укинување на продажбата на база на лажно прикажување. 

Но, претставките според членот 460-в од ЗТД, се можеби повеќе симптом на економските услови и потенцијално покомплицирани и потешки за решение. Во тешки времиња, управните одбори и акционерите многу подетално ќе ги разгледуваат дејствиајта на компанијата и на поединците, посебно во компаниите без очигледен доминантен соственик доведуваат во преден план аспекти од работењето кои претходно биле притаени. 

Компаниите веројатно поминале низ најразлицни намалувања на трошоците, зголемувања на ефикасноста во работењето кратење на технолошките вишоци, но што се случува кога условите не се подобруваат и нема повеќе место за скратување? Има многу вработени високо во хиерархијата кои ја работат својата работа неверојатно квалитетно, и нормално е тие да погледнат околу себе кон своите ко-директори и кон акционерите да се прашаат дали секој придонесува исто - и ако не, зошто се тие ефетивно субвенционирани од страна на компанијата во време кога нема услови за тоа. Или еден од директорите си доделува себеси, што однадвор изгледа, како енормно висок надоместок, намалувајќи го профитот и дивидендата за акционерите. Ова јасно доведува до лоши чувства а можеби и полошо. Кога нема преддоговорени правила за справување со вакви ситуации, последиците можат да бидат катастрофални за сите инволвирани. 

Со оглед на потенцијалните извори на конфликти, не може да изненади тоа што тешки времиња ги истакнуваат на површина. Доколку дојде до конфликт тие претставки би требало да се третираат со висока претпазливост. Поради фактот што се комплексни, но и поради фактот што законската рамка која ги третира е до одреден степен неиздржана, а и се третира со други претходни членови од ЗТД. 

Далеку подобро решение за компаниите, како би ги минимизирале шансите за конфликти, би биле јасно прецизирани акционерски договори, чии акти се соодветни за нивниот бизнис. Клиентите треба детално да ги разгледаат своите договори од легална и од сметководствена гледна точка со своите советници, како би воочиле како одредени настани (конфликти) би се манифестирале под тој акционерски договор. Треба да стекнат целосно разбирање на сите можни сценарија, од најдобро до најлошо, и да се осигураат дека се среќни со тоа што е договорено. 

Квалитетен акционерски договор не може да гарантира дека нема да има конфликти, секако, но во најмала рака ќе ја лимитира досегот на тој конфликт и може да претставува правилник за полесно решавање на идните акционерски конфликти.