ПОЧЕТНА / НОВОСТИ
10.03.2016 -- Предизвици на ревизорксата професија

Според резултатите на IFAC GLOBAL SMP Survey најголемa грижа на малите и средни ревизорски друштва е наоѓањето на нови клиенти дури 58% од испитаниците го оцениле како висок или многу виско предизвик. Посебно оваа грижа е истакната во регионите на Средниот Исток, Европа и Централна и Јужна Америка. Ова глобално испитување се извршува секоја година и последното издание добило 5000 повратни одговори од сметководители и ревизори кои работат во мали и средни фирми.  Притисоците од пониски хонорари е исто така една од темите која е загрижувачка за испитаниците на анкетата. Тие притисоци се случуваат во контекст на зголеменото ниво на регулација во индустријата. Од анкетата на IFAC произлезе дека и самото одржување во тек со новите регулативи и стандарди претставува висок или многу висок предизвик за дури 57% претпријатијата. Зголемената регулација и стандарди, заедно со намалените приходи претставуваат опасна комбинација на фактори, кои потенцијално можат да ја намали способноста за нормално функционирање на малите и средни ревизорски и сметководствени претпријатија. Промени во опкружувањето Ревизорите и сметководителите мораат да се адаптираат на променливата околина како што нивната работа се менува со брзо темпо. Од една страна, технолошките напредоци ги поедноставуваат и ги претвора во широко достапни некои од задачите кои претходно беа дел од специјализираното знаење на сметководителите и ревизорите. Од друга страна, електронското фактурирање, можоста за пристап до алатки во облак, и способноста да се  поднесуваат даночни пријави преку Интернет, им дозволуваат на компаниите и професионалците да задоволат некои од законските обврски без потреба од знаењето и искуството на цметководителите и ревизорите.  Сложеноста на бизнисот и конкуренцијата се исто така индиректни фактори кои влијаат и на професиналците и на нивните клиенти кои најчесто се мали или средни претпријатија (МСП). Конкуренцијата е огромна, затоа диференцијација од конкурентите е многу важна. Исто така зголемената сложеност дополнително го отежнува донесувањето на вистинските одлуки. Супериорното управување со правните и даночни прашања, како и управување со ризикот и човековите ресурси и многу други фактори се од суштинско значење за да се задржи добра позиција на пазарот. Специјализираните вештини и знаење на професионалните сметководители и ревизори, како професионалниот скептицизам, објективноста, способноста да го измерат точното бизнис влијание и анализа на ризици, можат да играат битна улога во помагање на МСП да најдат решенија на нивните комплексни бизнис предизвици и во донесување на квалитетни бизнис одлуки.  Кога сме соочени со комплексни проблеми, мултидисциплинарноста е многу важна. Бидејќи, решенијата на проблемите на МСП бараат тимска работа и собир на високо квалификувани индивидуалци, ревисорските и сметководствени фирми мораат да се во состојба да привлечат и задржат талентирани индивидуалци. Исто така фирмите (сметководители и ревизори) мораат да бидат отворени за сорабока со други професии за да се во можност да ги решат покомплексните потреби на своите клиенти. Малите и средни практиканти од областа треба да размислуваат за спојувања, асоцијации и други начини за проширување на нивните способности, со цел да ги убедат потенцијалните клиенти дека се подготвени да ги задоволат нивните барања. Бидејќи тоа им помага на уште една важна компонента, да можат да понудат вистинското портфолио од услуги кои додаваат вредност, супериорни способности, и извонреден квалитет. Овие квалитети и способности исто така мораад да бидат исправно искомуницирани и промовирани за да се осигураат дека ги достига потенцијалните клиенти на вистински начин. Можноста да се прошири клиентскиот бизнис глобално до пред неколку години беше потешка задача отколку што е сега. За некои случаи локалните пазари се лимитирани, но денес има се повеќе и повеќе можности за МСП да го променат својот бизнис модел и да го бараат својот пазар глобално. Овој развој е можност, но исто така и предизвик за локалните мали и средни практиканти во областа. Според IFAC Global SMP прашалникот, голем дел од испитаниците (57%) изјавиле дека само 5% или помалку од нивните МСП клиенти имаат интернационални операции. Иземајќи ги оние компании кои обслужуваат специфицни пазари, интернационализацијата ќе биде важна за сите што сакаат да ги задржат најдобрите клиенти и да привлечат нови.  Ако мали и средни практиканти во областа не ги решаваат проблемите на своите клиенти, само прашање на време е кога ќе ги изгубат клиентите. Добра вест е што 24% од практикантите размислуваат за де приклучат на мрежа, асоцијација или алијанса, што може да им донесе можност за сревисирање на своите клиенти поинтенационално. И затоа треба да биде посакувана стратегија во привлекување на нови и задржување на постоечките клиенти. Иднина Со сите овие промени и предизвици, дали професијата има иднина? Секако дека има. Има многу елементи кои се во прилог: општеството бара повеќе транспарентност; финансиските и не-финансиските информации се сметаат за социјално добро, а не приватно; компаниите имаат потреба некој да обезбеди проверка за да ја зголемат довербата во своите финансиски резултати и бизнисот воопшто; и финално законските прописи и процесите на донесување одлуки стануваат се покомплексни, што доведува до потреба од надворешни, независни, квалификувани индивидуалци.  Од друга страна сепак, практикантите од областа ќе мораат да се адаптираат на големите промени со кои се соочуваат нивните клиенти. Да ја направат професијата атрактивна за млади и талентирани индивидуалци и да интегрираат нови технологии во своето секојдневно работење. Малите и средни практиканти во областа треба да најдат иновативни начини на одговарање на барањата на своите клиенти и да бидат отворени кон соработка со други професии. Несомнено дека целата професија ќе биде успешна во надминување на овие предизици, како што тоа го правела низ историјата. 
03.03.2014 -- Сопственичките Конфликти во Пораст
08.01.2014 -- Регулатива: Поглед во иднината