08.01.2014 
Регулатива: Поглед во иднината
Брзата еволуција на регулацијата   

За подобро или полошо, регулацијата моментално се прикажува како брзо растечка индустрија. Бизнисите насекаде се ставени под регулаторна лупа на локално, национално и интернационално ниво - повеќе од било кога, со предлози за нови правила, ограничувања и стимул преку широк спектар на индустрии. 
Јавното мнение за малите и големите бизниси исто така е променето, на нив сега се гледа како составен дел на пошироките социајални движења, со сите поврзани одговорности. Постојат и нови ставови дека регулацијата е потребна за да воспостави база за одредени типови на заемно поволни и комерцијално профитабилни размени, што не би профункционирале во спротивно, како главен пример за ове е обновливата енергија. 

Значењето на овие промени за вашиот бизнис    

Новите закони, попрагматичната регулација и повисоките очекувања, ги донесоа управувањето и усогласување со истите повисоко на агендата на управувчките структури. Повисоките инстанци на менаџментот препознаваат дека е многу битно нивните компании да имаат воспоставено ефективни и издржливи алатки за управување и усогласување и дека тие се користат. 
Воспоставување на конструктивен дијалог помеѓу бизнисите и регулаторите е исто така важно. Компаниите можат да имаат големи придобивки, како стратешки така и тактички од градење на меѓусебна доверба и унапредување на долгорочната соработка со регулаторите, не само за ситните прашања туку и за покрупните прашања од поголемо социо-економско значење. Каде што постои доверба, регулацијата може да стане механизам за поширока соработка на најразлични теми од финансиска претпазливост до технолошки иновации и климатски промени.